Скоојанец со „опел корса“ прегазил двајца пешаци, вчера во центарот на Скопје, информираше МВР.
Според полицијата, сообрќајната несреќа се случила околу 14 часот на крстосницата од улиците Белградска, Тодор Александров и булевар Мајка Тереза. Тогаш „опелот” управуван од С.А.(58) од Скопје, удрил во пешаците Р.К.(48) од село Стајковци и М.Б.(54) од Скопје.
Од ударот Р.К. била тешко повредена, а М.Б. полесно. Двете биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.