Ривалот на „Тесла“, „Никола“ го претстави камионот на хидрогенски погон за европскиот пазар

Американскиот производител на електрични камиони „Никола Мотор“ ја претстави својата трета верзија на шлепер на водороден погон и кој ќе биде наменет за европските купувачи, пишуваат американските медиуми.

„Никола Тре( тре од норвешки знаи три) ќе биде „првиот европски камион за комерцијална употреба со нулта емисија”, рече основачот и извршниот директор на компанијата, Тревор Милтон“.

Цената на новиот камион се уште не е позната.

„Камионот ќе има резервна сопирачка, резервен управувачки систем, резервна 800 Вдц батерија и резервна 120 киловатна водородна ќелија се што е потребно за целосна автономија на ниво 5, додаде Милтон“.

Со наведениот процес на дуплирање на виталните компоненти на системот се зголемува сигурноста и перформансите на возилото. “Автономијата на ниво 5”, пак, се однесува на степенот на автономија на самоуправувачките возила кои подразбираат возење без човек-возач под какви било услови.

Компанијата “Никола Моторс”, која е основана во 2014 година, исто така објави дека новиот камион ќе биде достапен наскоро и за другите пазари.

Инаку „Никола Мотор” започна судска постапка против ривалската компанија „Тесла“ претходно годинава, тврдејќи дека произведувачот на електрични автомобили ги прекршил нивните патентиза дизајн.

 

Треба да знаете
Последни објави