Мицевски: Собранието има обврска да ја пренесува во живо дебатата за уставните амандмани

Власта бега од дебата со опозицијата, сакаат да помине далеку од очите на јавноста, обвини координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната седница за уставни амандмани.

„Денеска дебатата не се пренесува во живо, ништо од транспарентноста. Зошто првата комисија на седницата се пренесуваше во живо, а сега не? Собранието има законска обврска да ја пренесува дебатата во живо“, рече Мицевски.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и Талат Џафери, вели Мицевски, сакаат дебатата за уставните амандмани да помине далеку од очите на јавноста.

„Очигледно тие се плашат да дебатираат со пратениците од опозицијата за ова прашање од највисок интерес. Поради тоа денеска дебатата од Комисијата за уставни прашања, каде се дебатира за највисокиот акт во државата и за прашање од национален и државен интерес не се пренсува во живо на собранискиот канал“, порача Мицевски.

И во случај да не се прифати барањето, ВМРО-ДПМНЕ вели ќе учествува во дискусијата.

Треба да знаете
Последни објави