Скопјанец украл фото апарат од кафуле во Скопје и го продал, информираше МВР.
Станува збор за Д.Б.(32) од Скопје против кого е поднесена кривична пријава за кражба.
Според полицијата, кражбата се случила на 29.10.2018 година во периодот од 19.30 до 19.45 часот во кафе бар на улица „Кеј Димитар Влахов”. Тогаш осомничениот искористил згодна прилика па од еден од гостите во барот украл фото апарат „Никон”. Крадецот избегал, па по неколку дена апаратот го продал во заложна куќа за околу 300.000 денари.