Незадоволна натпреварувачка за најубав задник во Бразил направи хаос на сцената тврдејќи дека само нејзиниот задник е природен, обвинувајќи две девојки за пластична корекција на задниците.
31-годишната Елен Сантана е прогласена за победничка на изборот одржан во Сао Паоло. Целиот настан се претвори во циркус откако налутената учесничка Алина Ува ја симна победничката лента од Сантана, велејќи дека таа не ја заслужува победата.
27-годишната Ува тврди дека има 100% природен задник, додека задникот на Сантана е резултат на хируршки зафат. Истите обвинувања ги насочи и кон третопласираната Паула Оливеира која е родена како машко, но пред 6 години го сменила полот.
„Лентата ми припаѓа на мене како единствена жена која ја заслужува титулата. Имам природен бразилски задник и тоа никој не може да ми го одземе. Трите жени кои добија најмногу гласови се измамнички, нивните задници се силикони, а ова е неправда“, изјави Ува.
Во раните фази на натпреварот токму Ува доби најмногу гласови од јавноста, но работите не се одвиваа според очекуваното.