Оле Гунар Солскјер цели 11 години го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и најмногу беше познат по тоа што важеше за „златна резерва“ на легендарниот Сер Алекс Фергусон, а сега незаборавниот Норвежанец се најде во центарот на вниманието поради изјавата кое ја даде за реномиран италијански весник.
Во опширниот разговор, Солскјер најмногу време издвои за етапата која ја мина во Јунајтед од 1996 до 2007 година, период во кој имаше можност да ја дели соблекувалната со безброј големи ѕвезди од калибарот на Кантона, Гигс, Сколс, Бекам, Роналдо, Ван Нистелрој итн.
Сепак, она што посебно се издвојува од интервјуто на Норвежанецо за весникот е делот во кој вели дека само еден фудбалер имаше една уникатна привилегија кај Сер Алекс Фергусон, а во случајот станува збор за Кристијано Роналдо.
– На почетокот Роналдо беше многу срамежлив и не го знаеше јазикот. Потоа го научи и се издвои по тоа што минуваше по цел ден во теретаната, пред тренинзите и после тренинзите. Исто така, тој беше единствениот играч кој имаше посебна привилегија кај Фергусон. Сер му го порача следново: Грижи се само за нападот и не размислувај да помагаш во одбрана. Тоа не го доживеаја ниту играчи како Гигс, Бекам и Кантона. Фергусон никогаш не им кажа такво нешто, – открива Солскјер.