Дефанзивецот на Јувентус Меди Бенатија го повика Пол Погба да се врати во Торино.
Францускиот играч од средниот ред се соочи со поранешните соиграчи на натпреварот меѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед од групната фаза од Лигата на шампионите.
Погба објави фотографија под која Бенатија напиша: „Врати се дома, брате“.
Дваесет и петгодишниот Французин веќе се соочи со Јувентус, но беше на поразената страна. Пред две недели, тимот на Макс Алегри го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1:0.