Полицијата трага по жител на село Грчец кој пукал со пиштол по расправија за ископ на песок во село Ласкарци, информираше МВР.
Според полицијата, вчера околу 12 часот во ПС Сарај, И.З. пријавил дека С.М. од Ласкарци со пиштол му упатил закани по неговиот живот.
По преземени мерки, било констатирано дека при вербална расправија помеѓу И.З. и Д.Р. од село Бојане и Џ.А. од Мала Речица поради ископ на песок од река на парцела во сопственост на И.З., пристигнал С.М. и физички ги нападнал сите тројца. Тогаш дошол и А.Ј. од село Грчец, другар на С.М., кој со пиштол прво испукал неколку куршуми во воздух, а потоа и кон И.З., Д.Р. и Џ.А., но не ги погодил. После тоа, А.Ј.и С.М. побегнале од местото, избегале во непознат правец, а И.З., Д.Р. и Џ.А. побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, велат од МВР.