Кривична против жител на тетовско Слатино поради тргување со оружје
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 32-годишен жител на тетовското село Слатино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
„На 2.06.2018 година околу 22:30 часот во атар на село Јелошник, општина Теарце, при интервенција во врска со пријавено пукање од огнено оружје, полициски службеници на местото го затекнале пријавениот зааедно со уште пет лица.
При преглед над него, биле пронајдени и одземени пиштол „валтер“ калибар 9 мм со две рамки, 15 куршуми калибар 9 мм, како и 12 испукани чаури калибар 9 мм, соопшти МВР.