Во текот на вчерашниот ден во Беровскиот регион се случиле две сообраќајни несреќи, а возачите на тракторите се здобиле со тешки телесни повреди. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека првата несреќа се случила кај местото викано „Бричките” во атар на село Двориште.Педесет и четиригодишниот Б.Ц. од Берово, управувајќи трактор „ИМТ” со беровски регистарски ознаки на кој била и неговата сопруга И.Ц., изгубил контрола над тракторот и се превртел, при што се здобил сотешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во болницата во Струмица, вели Панајотова.
Втората несреќа се случила во атарот на село Русиново, каде што 63 -годишниот А.Г. стартувајќи го тракторот „Фиат“, со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола, се превртел, при што се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото во двете несреќи извршила увидна екипа на Полициската станица-Берово.