Ракометарите на „Металург“ не го издржаа силното темпо неделава со три натпревари за четири дена, па загубија дома од „Спортинг“ во седмото коло од Лигата на шампионите. Тимот од Автокоманда остна само на една по бда сезонава во ЛШ откако во неделата го победија „Чеховски медведи“. Момчињата предводени од Данило Брестовац загубија и вчера во СЕХА лигата од „Стеауа“, но очигледно играа со половина сила штедејќи се за денешниот натпревар, но тоа не беше доолно.
Гостите од Португалија беа убедливи и дома си заминаа со 24:31, иако на полувремето имаа негатива од 18:17.
Ракометарите на „Металург“ ја повторија играта од речиси сите натпревари сезонава, одигрувајќи одлично прво полувреме, но лошо второ. Иако имаа и три гола позитива, домаќините во финишот имаа само еден гол разлика, па Португалците во продолжението го искористија падот во играта на „Металург“. „Спортинг“ поведе со 21:24, по што мечот беше решен.
Димитар Димитриовски со пет гола беше најефикасен за „Металург“, додека Марио Танкоски додаде четири гола, а за гостите по пет гола имаа Карлос Руесга и Педро Валдез.
Со победата, „Спортинг“ се искачи на второто место во групата Ц со идентични 10 поени како првопласираниот „Бјерингбо/Силкеборг“, додека „Металур„г останува на последното шесто место со 2 поени, два помалку од „Бешикташ“ и „Чеховски медведи“.