Судот одлучи главниот сведок на судењето за убиството на Никола Саздовски, малолетната В.Б. да сведочи без присиство на јавност. Новинарите и новинарските екипи се отстранети од судницата. Малолетниот сведок ќе сведочи во присуство на нејзината мајка. Според мајката на девојчето тие добивале постојано телефонски закани од непознати лица. Поради присуство на роднини и пријатели на обвинетите, девојчето се покри со качулка во судницата. По нејзиното сведочење се очекува да сведочат уште двајца од повиканите сведоци само еден не е присутен.