Судските доставувачи го бараат, новинарите го чекаат, само Груевски знае кога ќе дојде во „Шутка“

Судските доставувачи вечерва со решението според кое жалбата на Никола Груевски е одбиена отишле на адресата на поранешниот премиер, но не го пронашле, објави ТВ 24.

Вратата ја отворила сопругата на Груевски, Боркица и ги известила доставувачите дека тој не е дома.

Груевски штом го прими решението, мора веднаш да се јави во затворот во Шутка, но решението мора да го прими лично на рака.

Голем број новинари и сниматели веќе се присутни пред капијата на затворот во Шутка и го очекуваат доаѓањето на Никола Груевски на отслужување на двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“ на СЈО.

Откако Кривичниот совет денеска ја одби жалбата од бранителите на поранешниот премиер, се исцрпеа сите можности за одложување на издржувањето на затворската казна.

 

Треба да знаете
Последни објави