По трет пат судскиот курир тропна на врата и не го пронајде Груевски

По трет пат судскиот курир тропна на врата и не го пронајде Груевски

Направен е обид да му се достави решението за издржување на затворската казна на Никола Груевски, но тој беше неуспешен, и официјално потврдија за „Макфакс“ од Кривичниот суд, додавајќи дека останува следниот обид да биде направен во понеделник.

Груевски треба да го започне издржувањето на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ за набавка на „мерцедесот“ од речиси 600.000 евра.

Кривичниот совет попладнево ја потврди одлуката на судијата за извршување санкции за затворската казна на Груевски. Решението е потврдено и испратено до странките, а ќе стане извршно веднаш откако ќе биде примено.

Се очекува решението да му биде доставено на Груевски во понеделник, кога тој треба да се појави на рочиште за случајот „Титаник“.

Доколку судот утврди дека Груевски одбегнува да го прими решението, во тој случај се оди кон негово спроведување или распишување потерница.

Треба да знаете
Последни објави