ВМРО-ДПМНЕ бара покачување на пензиите за 10 проценти

ВМРО-ДПМНЕ бара покачување на пензиите за 10 проценти

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара покачување на пензиите за 10 проценти, најави портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски на прес-конференција.

„Првото законско решене кое ќе го поднесе ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците во Собранието е покачување на пензиите на пензионерите за 10 проценти. Доколку СДСМ е чесна во намерите секој еден пензионер ќе има 10 отсто повисока пензија и им се важни граѓаните и нивниот живот да стане подобар, ќе го прифати ова решение и ќе го изгласа во Собранието“, рече Арсовски.

Тој додаде дека власта ја урнисува економијата и предизвикува социјално и економско цунами на секое поле.  Како пример ги посочи проекциите на раст на БДП на домашните и странски финансиски институции, за кои искоментира, дека секојдневно ја демантираат власта која прогнозираше раст од 3,2 отсто.

Треба да знаете
Последни објави