Бугарија доставила над 30 страници забелешки во учебниците по историја до Македонија, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, во одговор на прашање на Петар Витанов и Димитар Данчев, за време на работата Комисијата за историски и образовни прашања утврдена со Договорот за соседство помеѓу Бугарија и Македонија.
Досега комисијата имаше две средби, третата се очекува да се одржи до крајот на овој месец, рече Захариева. Учебниците по историја се разгледуваат во двете земји рече бугарската министерка, и додаде дека досега биле разгледани учебниците од шесто до седмо оделение во Република Македонија, и за нив биле доставени забелешки кој биле на повеќе од 30 страници.
Таа додава дека иако бугарските претставници од Комисијата констатирале сериозни проблеми во содржината на учебницирте, атмосферата во комисијата е конструктивна.
Министерката за надворешни работи истакна дека очекувањата на комисијата се многу високи. Таа посочи дека бугарските претставници направиле консултација со Бугарската академија на науките и со Факултетот по историја при универзитет Св. Климент Охридски во Софија.
Мислам дека никој не се сомнева во професионалните квалитети на нашите претставници во комисијата, додаде таа.