Вечерва заседава Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
Неодамнешната посета на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Хелсинки, на конгресот на ЕПП, затворската казна за поранешниот премиер и лидер на партијата Никола Груевски и актуелната состојба се теми на седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува вечерва.
Кратка изјава даде актерот Тони Михајловски кој е член на партиското тело.
Михајловски рече дека листата за прогонот кон ВМРО-ДПМНЕ не завршува кај пратеникот Никола Груевски.
– Повеќе од јасно е дека прогонот е насочен кон ВМРО-ДПМНЕ и неговото поранешно и сегашно раководство – рече Михајловски.
Тој рече дека партијата ќе ги преземе сите мерки кои и стојат на располагање на една опозиција.
– Правни пред сѐ човечки и ќе се обрати таму каде што треба да се обрати за правда пред се во институциите во Македонија- рече Михајловски.