Бранителот на титулата во НБА, „Голден Стејт Вориорс“ се поврати од убедливиот пораз минатиот натпревар од „Милвоки бакс“ и бесот го истури врз „Бруклин Нетс“ за 11 победа сезонава. „Воините“ на свој терен славеа со 116:100 без повредениот капитен Стеф Кари, но предводени од Кевин Дурент со 28 поени, 11 асистенции и пет скока. Кај гостите најеффикасен беше Џо Харис со 24 поени.
Кошаркарите на „Далас Маверкс“, пак, ја постигнаа само четвртата победа сезонава и тоа против „Оклахома Сити“, кои ја прекинаа серијата од седум победи во низа. Домаќините славеа со 111:96 во уште една добра партија на Лука Дончиќ, кој е прв играч на тимот. Тој постигна 22 поени, на кои додаде осум асистенции и шест скока. Гостите настапија без Расел Вестбрук, па Пол Џорџ беше најдобар со 20 коша, 13 скока и шест асистенции.
Во тексашкото дерби „Сан Антонио Спарс“ славеше против „Хјустон Рокетс“ со 96:89 што е втор пораз за гостите во низа и сега имаат скор од 4-7. Ламаркус Олдриџ беше најефикасен за „Спарси“ со 27 поени и десет скока, а кај гостите, Џејмс Харден со 26 коша, пет скока и три асистенции.
„Чикаго Булс“ му го нанесоа 11 пораз сезонава на минатогодишниот НБА финалист, „Кливленд Кавалирс“ во неизвесна завршница со 99:98 предводени од Зак Левин со 24 коша. Кај гостите, за кои подолго време не настапува Кевин Лав, најдобар беше Тристан Томпсон со 22 коша и 12 скока.
И најлошиот тим на Западот,„Феникс Санс“, кои имаат две победи сезонава, една повеќе од „Кливленд“, забележа пораз ноќеска. Подобри од нив беа „Њу Орлеанс „Пеликанс“ кои на домашен терен славеа со 119:99.
„ЛА Лејкерс“, пак, го победија „Сакременто Кингс“ со 86:101 предводени од Леброн Џејмс со 25 поени, седум скока и две асистенции.
Резултати од останатите натпревари:
„Мемфис Гризлис“ – „Филаделфија“ 112:106
„Мајами Хит“– „Вашингтон Визардс“ 110:116



