Фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери, нападнал новинар, по поразот на Баварците од Борусија Дортмунд (3:2).
Баерн, во саботата, беше поразен во дербито на 11.коло во Бундеслигата, а веднаш по натпреварот на „Сигнал Идуна Парк“, Рибери му удрил шлаканица на долгогодишниот познаник, Гију.
Клубот од Минхен го потврдил инцидентот.
„Рибери не извести дека имал недоразбирање со својот сонародник Гију, со кого се познава долги години. Се согласивме дека ќе разговараме со него за да видиме на кој начин можеме да ја решиме ситуацијата. Господинот Гију веќе сигнализираше дека тоа е и во негов интерес“, изјавил спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.
Баерн по 11.коло се наоѓа на третото место во Бундеслигата со 20 бода, седум помалку од лидерот Борусија Дортмунд.