Казнети 138 возачи поради пребрзо возење

Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 31 сообраќајна незгода од кои три со тешки телесни повреди, 11 со телесни повреди и 17 со материјална штета.

При сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 17 со лесни телесни повреди. Потоа 138 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 95 возачи, бидејќи 40 го управувале возилото под дејство на алкохол, 43 возачи управувале возило пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 12 биле возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени 32 возила, бидејќи 31 возило било нерегистрирано и едно технички неисправно. Исто така санкционирани се и пет возачи кои поминале на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле, двајца неправилно престигнувале и еден не дал првенство на минување на возила. Во текот на изминатите денови издадени се 189 мандатни платни налози, додека исто така 119 возила се подигнати со ,,пајак”.

Треба да знаете
Последни објави