Танзанија ја задолжи војската да откупува индиски ореви од фармерите

Претседателот на Танзанија Џон Магуфули официјално ја задолжи војската да ги купи и собер сите плодови од индиски ореви од фармерите во јужниот регион на државата откако тие ги одбиле понудите од 13 приватни фирми.

Магуфули ги обвини приватните трговци дека се обидуваат да осиромашат повеќе од илјадници фармери и им нареди да ги покачат цените на понудите на 1.3 долари за килограм.

Фармерите неколку недели одбиваат да ги продадат нивните приноси, велејќи дека цените кои ги бараат приватните трговци се многу ниски.

Магуфули ги отпушти министрите за земјоделство и трговија бидејќи не нашле соодветно решение за овој проблем.

Тој изјави дека работи на тоа да им обезбеди на илјадници фармери да добијат фер цени за нивните индиски ореви, но и на тоа земјата да не ја загуби клучната заработка од извозот.

Треба да знаете
Последни објави