Во септември 219 градежни дозволи за изградба на 495 стана
Во септември годинава се издадени 219 одобренија за градење, што е за 1,4 проценти помалку во однос на септември лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.051.068.000 денари, што е за 42,6 проценти помалку споредено со септемви минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (59,3 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11 проценти) за нискоградба и 65 (29,7 проценти) за реконструкција.
Од вкупно 219 објекти, на 149 (68 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 (32 процента) деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 495 станови, со вкупна корисна површина од 43.895 метри квадратни.