Телохранителите на осудениот Никола Груевски последен пат се виделе со него во четвртокот навечер.
„Колку што знаеме, неговите телохранители пред одделот за потраги во МВР кажале дека последен пат го виделе во четвртокот навечер, на 8 ноември, кога го оставиле дома. За да го обезбедуваат, тој треба да ги повика нив ако излегува. Во петокот не ги повикал воопшто, што се случувало и порано, бидејќи не излегувал задолжително секој ден. Не го повикал обезбедувањето ни викендот, а ни денеска, до распишување на потерницата“ – велат од Основниот суд Скопје 1, чиј доставувач го бараше три пати во петокот и еднаш денеска и не го најде дома.