Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални тврди дека властите му забраниле излез од земјата.
„Дојдов на аеродромот. Треба да ја слушнам одлуката на Европскиот суд на правдата, но тие ми го зедоа пасош за да направат посебни проверки”,напиша опозиционерот на социјалната мрежа „Твитер“, посочувајќи дека му било кажано од полицијата дека не може да ја напушти Русија.
Според неговите зборови тој добил писмо во кое се вели дека му е забрането да ја напушти земјата, но причината не е наведена, пишува ТАС.
Агенцијата потсетува дека Навални во последните шест месеци беше уапсен неколку пати.
Последен пат тој беше уапсен на 29 септември, а неколку дена подоцна, тој беше осуден на 20 дена затвор поради повик за протест.