Поранешниот играч на Манчестер Сити, Самир Насри, повторно ќе игра во Премиер лигата.
31-годишниот Французин прво ќе ги помине медицински прегледи, а потоа ќе потпише краткорочен договор со Вест Хем до крајот на сезоната.
Во моментов Нарси отслужува 18-месечна казна за прекршување на антидопинг правилата. Неговата санкција истекува кон крајот на декември, но тој може да почне со тренинзи со клубот уште овој месец.
Насри ќе се сретне со менаџерот Мануел Пелегрини, со кого ја освои својата втора титула при престојот во Манчестер Сити.
Договорот на Насри ќе биде за шест месеци со опција за продолжување. За последно, тој играше за турскиот клуб Анталијаспор.