Општина Кисела Вода додели 65 ваучери за новороденчиња

Општина Кисела Вода додели 65 ваучери за новороденчиња

Денес, Општина Кисела Вода додели 65 нови ваучери за новородените дечиња од општината, 28 за женски и 37 за машки.

Нив ги подели секретарот на Општината, Александар Алексовски.

Имено, еднократната парична помош која е во висина од 6000 денари се доделува на семејствата кои се со адреса на живеење на територијата на општина Кисела Вода.

За добивање на истата семејствата кои имаат принова заедно со барањето треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка.

Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

Треба да знаете
Последни објави