Првите мигранти од т.н. „мигрантски карван”, што од Централна Америка се движи кон САД, денеска пристигнаа во областите на Мексико крај американско-мексиканската граница.
Како што јави ДПА, група од околу 360 мигранти пристигнале во мексиканската област Тихуана, која граничи со американската сојузна држава Калифорнија.
– Среќен сум, радосен сум, затоа што благодарение на Господ, ние сме на еден чекор од влез во САД. Не е лесно, но важно е да стигнеме до границата и потоа ќе видиме што ќе се слули, изјави Хозе Мехија од Хондурас, кој е еден од групата мигранти кои во Тихуана стигнаа со автобуси.
Поголема група од околу 5.000 мигранти денеска се наоѓаат во мексиканската област Гвадалахара, на околу 2.000 километри од Тихуана. Тие се жалат дека локалните власти не им дозволуваат да користат превозни средства за да се упатат кон САД.
Низ Мексико во правец кон САД во моментов се движат уште неколку групи мигранти по потекло од државите од Средна Америка.