Словенечката Влада објави дека одобри почетни средства за првите два сателити проектирани во Словенија кои треба да бидат лансирани во вселената во првата половина на следната година со ракетата Вега на фирмата „Арианеспејс“.
Станува збор за микросателитот „Немо ХД“ кој го направиле словнечки инжинери, при што 85 отсто од средствата се од Европската Унија, а останатите 15 отсто од државниот буџет.
Сателитот од 65 килограми кој ќе ја снима Земјата од висина од 600 километри е дополна на европскиот систем „Коперникус“ кој е извор на податоци за потребите на урбанизмот, екологијата, земјоделството, шумарството и транспортот.
За новиот проект владата обезбедила 830 илјади евра, а од подготовката на проектот до лансирањето, вкупните трошоци ќе изнесуваат 2,3 милиони евра, во рамки на програмата на Европската вселенска агенција (ЕСА).
Словенија пред две години стана придружна членка на ЕСА, а конкурира за постојано членство.
Освен микросателитот „Немо ХД“, Словенија со ракетата Вега во вселената ќе го лансира и наносателитот „Трисат“ со маса од 4,4 килограми.