Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на убијци, го повикал надредениот и му рекол: „Кажи му на шефот дека оперативците ја извршија својата мисија“, пишува „Њујорк тајмс“.
И покрај тоа што името на принцот не е споменато, американските разузнавачи веруваат дека шеф всушност е саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Махер Абдулазис Мутреб, еден од 15 Саудијци испратени во Истанбул да го нападнат Кашоги во конзулатот, извршил телефонски разговор на арапски јазик.
Мутраб е офицер за безбедност и често патува со Бин Салман. Турските разузнавачи сметаат дека телефонскиот повик упатен кон еден од блиските помошници на Салман.
„Овој телефонски повик е нешто најблизок важен доказ до кој можете да дојдете“ рекол поранешниот припадник на ЦИА, Брус Ридел.
Саудиските власти негираа дека престолонаследникот имал било какви сознанија за убиството на Кашоги.