Стефанова: Опасноста за бегство на Груевски не беше земена сериозно

Специјалното јавно обвинителство во целиот изминат период постојано апелираше и сугерираше за притвор за обвинетиот Никола Груевски и другите обвинети во случајот „Титаник“. Уште при првото барање за спроведување истрага беа предложени мерки притвор и истите беа одбиени, рече специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова.

Кога го поднесовме обвинителниот акт поднесовме и барање за определување мерка притвор и тогаш Кривичниот совет го одби нашето барање со наводи дека иако постои опасност од бегство, бегството можат да го обезбедат со одземање на патната исправа и јавување на обвинетите еднаш неделно во судот. Во меѓувреме обвинетиот Никола Груевски побара јавувањето во судот еднаш неделно да му биде заменето со јавување еднаш месечно. По ова барање ние дадовме мислење дека треба да биде одбиено како неосновано, меѓутоа советот го прифати и сега има јавување еднаш месечно“, вели Стефанова.

Според обвинителката, секој кога ќе се најде во ваква ситуација, како во случајот „Титаник“, каде обвинетите се товарат за кривични дела со најмалку 3,4,5 години затвор, опасноста од бегство е сериозна.

„Мислам дека претходно опасноста за бегство не беше земена сериозно и се случи она што се случи“, рече Стефанова.

Треба да знаете
Последни објави