Јавниот сектор во Грција функционира забавено поради штрајкот на вработените против мерките за штедење, прв откако земјата во август излезе од осумгодишната финансиска контрола под покровителство на ЕУ и ММФ.
Синдикатот на јавниот сектор „Адеди“, кој претставува околу половина милион вработени, бара враќање на приходите на претходното ниво, со укинување на намалувањето на платите и пензиите.
Штраjкот доаѓа пред состанокот на министрите за финансии од еврозоната, на кој Атина очекува да добие зелено светло со цел да се отповика новото намалување на пензиите закажано за 1. јануари.
Земјата се надева дека ќе ги убеди своите партнери да ги напуштат ваквите позиции, оправдувајќи го тоа со успесите во буџетот, но нејзините финансии и натаму се строго надгледувани со оглед на јавниот долг од скоро 180 отсто од БДП.
Според „Адеди“, платите на вработените биле намалени по редослед до 40 отсто, додека кратењата во пензиите варираат меѓу седум и 35 отсто.