Пет отсто од шведските осомничени извршиле четвртина од кривичните дела

Една студија на шведските организирани банди и екстремистички групи покажува дека само пет отсто од осомничените за кривични дела се одговорни за повеќе од една четвртина од пријавените злосторства, при што осомничените непропорционално се од семејства со мигрантско потекло.

Студијата, објавена од Институтот за идни студии, анализирала 15.244 лица поврзани со организиран криминал или со екстремистички групи како ултралевичарските анархисти, неонацистичките екстремисти, радикалните исламски екстремисти и фудбалските хулигани и откриле дека осомничените извршиле 25.6 отсто од злосторствата пријавени од 1995 до 2016 година, објави СВТ.

Според податоците, најголемата група осомничени – 5.693 – кои најчесто се родени во Шведска од шведски родители е од нелегалните моторџиски банди во Шведска. Втората по големина група од 5.094 осомничени е од „ранливите подрачја” на Шведска, кои често се нарекуваат „зони на забранет влез”, како што се предградијата Ринкеби и Теншта во Стокхолм или предградието Розенгард во Малме. Осомничените се најчесто родени во странствои немаат формална поврзаност со банди.

Шведскиот државен полициски комесар Дан Елијасон ја молеше владата за помош бидејќи бројот на забранети зони се зголеми од 55 на 61 за само една година.

Групата со најголем број членови родени во странство, со 72 отсто, е на исламските екстремисти, а групата со најголем број осомничени родени во Шведска со двајца шведски родители е на неонацистичките екстремисти, со 79 отсто.

Иако околу 70 отсто од вкупниот број осомничени се родени во Шведска, мнозинството се со странско потекло со најмалку еден или два родители родени во странство. Од групите за организиран криминал, само моторџиските банди имаат мнозинство членови родени во Шведска со двајца шведски родители (56 отсто).

Просечната возраст на осомничените во сите групи е 26, а огромно мнозинство се мажи со екстремистички групи кои имаат повеќе жени отколку групите со организиран криминал.

Треба да знаете
Последни објави