Британската премиерка, Тереза Меј, рече дека нејзината влада денеска го разгледала и го поддржала нацрт-договорот на ЕУ за Брегзит.
Изјавата на Меј следуваше по состанкот на Владата, кој траеше нешто повеќе од пет часа. Владиниот состанок тече во доста жестока атмосфера и дебата.
Велика Британија треба да ја напушти официјално Европската Унија на 29 март 2019 година. Претходно денеска Меј изјави дека Велика Британија е значително поблиску до склучување договор за Брегзитот.
Меј посочи дека по излезот, Британија ќе ја преземе контролата над границите, законите и финансиските средства, а ќе понуди и поголема заштита врз бизнисите и работните места.
Џереми Корбин, пак, вели дека Британија ќе биде заглавена во бесконечност во куќа во која ќе нема право на збор.
Лидерот на лабуристите вели дека Меј креира лажен избор пред парламентот.
Но, Меј вели дека целта на лабуристите е да го попречат процесот за Брегзит и да го згазат гласот на народот.