На ПСЖ му се заканува исфрлање од Лигата на шампиони

Второто потенцијално кршење на финансискиот ферплеј би можело да резултира со исфрлање на ПСЖ од Лигата на шампиони .

Францускиот клуб беше санкциониран во 2014 година, а УЕФА сега одлучи одново да ја отвори истрагата за сезоната 2013/14 и 2014/15.Се  објави дека УЕФА планира да ги анализира спонзорските договори на ПСЖ од овие сезони, потпишани со катарски компании.

Шампионите на Франција ќе се жалаат во Арбитражниот суд за спорт со тврдење дека случајот бил затворен откако била објавена деталната анализа во 2015 година.

Според тврдењата на ПСЖ, обновената истрага е резултат на притисокот што го вршат други клубови во лигата, а тоа особено се однесува на шпанските клубови.

ПСЖ веќе има за 37% помалку спонзорски договори потпишани во 2015 година, а мултимилионските засилувања како Нејмар и Килијан Мбапе би можело да го сменат балансот на сметките за минатата сезона.

Треба да знаете
Последни објави