Плакати „Се бара Груевски“ излепени во Унгарија
Плакати на кои пишува „Се бара Груевски – Владата е подготвена да прими уште еден осуден криминалец“, излепила опозициската партија во Унгарија, Моментум на повеќе локации во Будимпешта, пренесуваат унгарските медиуми.
На плакатите пишува и дека „Груевски не е првиот криминалец што го прифаќа Унгарија: меѓународни криминалци доаѓаа во Унгарија како соработници на сирискиот диктатор“, алудирајќи на лица кои плаќале пари и купувале обврзници, а на сметка на тоа добивале унгарско државјанство.
Моментум е прилично млада опозициска партија во Унгарија основана во 2016 година и не доби доволно гласови на последните избори за да добие свој претставник во Парламентот.