Кога Пасторе пристигна од редовите на ПСЖ во Рома се чинеше дека тоа ќе биде одличен трансфер за „Волчицата“.
Сепак, и покрај одличниот старт, како што одминуваше сезоната Пасторе беше се по незабележителен на теренот и поради тоа би можел да замине од Рим по само шест месечен престој во овој град.
Имено, за Пасторе постои интерес од два кинески клуба кои се подготвени да му понудат богатство за да потпише за нив. Шангај СИПГ и Бежинг Гуоан ќе се обидат да го донесат офанзивниот фудбалер во јануарскиот преоден рок.