Од фалсификувани лекови годишно умираат по половина милион луѓе

Од Нова година ниту еден лек на интернет нема да оже да се продава ако нема сериски број и посебно одобрение спорд директивите на ЕУ

Валентина Ангеловска

Секој втор лек купен на интернет е фалсификуван. Од употреба на тие лекови годишно умираат по половина милион луѓе- вели Хрватското здружение на работодавци. Тие неделава одржале средба за проверка на лековите кои се продаваат на интернет и како истите ќе се контролираат. Во исто време треба да се реши како ќе се регистрираат за влез во ЕУ.

Според податоците на Светската здравствена организација, секој втор лек купен преку интернет е фалсификуван. Затоа истите треба да се регистрираат, на секое пакување треба да стои каде е произведен, која серија, какви нус појави има, до кога трае и што е најважно кој го одобрил- велат во Хрватското здружение на работодавачи. 

На собирот, во организација на ЦЕА и Словачката амбасада се разговарало и за подготвеноста на сите заинтересирани страни да учествуваат во системот за спречување на оваа појава.

Претставникот на ЦЕА Бисерка Сладовиќ истакна дека процесот на регистрација на лекови е важен чекор во остварувањето на дополнителна безбедност на лекови на хрватскиот пазар.

“И покрај тоа што сме убедени дека лековите кои хрватските компании ги имаат на пазарот во целост се сигурни, сепак не е исклучена можноста да има фалсификувани производи. Со имплементација на новиот систем за проверка за понатаму ќе се избегне можноста за внесување на лажни лекови во легалниот синџир на набавка на лекови во Хрватска и во ЕУ “, рече Сладовиќ.

Андреас М. Валтер, извршен директор на Европската организација за проверка на лекови од надвор вели дека сега е вистинскоо време да се воведе контрола на овие лекови.

Од февруари 2019 година, на пазарот ќе може да се пуштат само лекови кои на пакувањето имаат ознака сека се одобрени од Директивата на ЕУ која пропишува пан-европски безбедносни карактеристики. Секој лек мора да има форма на заштита од отворање и единствен број- вели Валтер.

Матија Кропек од Белупо вели дека немаат информации за фалсификување на нивните лекови, што беше потврдено од страна на HALMED. Но, меѓународните акции спроведени од Интерпол откриле 25 милиони фалсификувани лекови во вредност од околу 500 милијарди долари.

Фалсификувани лекови се најприсутни во земјите од Африка и Азија. Тука пред се се психоактивни стимуланси и лекови за еректилна дисфункција, како и за лекување на тешки онколошки болести.

“-Нашата работа е да го потврдиме увозот на стоки, сето она што доаѓа од добавувачи кои немаат јасно дефиниран однос со производителите. Ние веруваме дека ќе бидеме целосно подготвени до февруари 2019 година, а потоа системот ќе стане целосно оперативен “, изјави Марија Берта од Феникс Аптеки

Констатирано е дека процесот на имплементација на систем за идентификација на лекови да биде голем предизвик за сите заинтересирани страни во процесот. Тоа неизбежно ќе го зголеми обемот на бизнисот на сите кои се вклучени. Но, сигурно е дека фалсификуваните лекови ќе биде многу тешко да влезат на пазарот на ЕУ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави