Казна од 2.500 до 500 евра за бугарските градоначалници кои нема да преземат мерки против загадувањето на воздухот, се предвидува со предлог-законот за чист атмосферски воздух, кој во Парламентот беше усвоен на првото читање.
Покрај тоа, предвидено е да се воведат стандарди за квалитетот на цврсто гориво за домашно греење – јаглен и брикети. Измените беа изгласани со 83 гласови „за”, 14 „против”, 42 воздржани.
Со предлог-законот се предвидува во случаи кога нивото за штетни супстанци во атмосферскиот воздух се надминати во дадена област, градоначалниците да разработат и спроведат програми за нивно намалување.
Расправата во бугарскиот Парламент траеше неколку часа, при што противниците на предлог-законот оценија дека државата ја префрла одговорноста на градоначалниците. Друга критика е дека предлог-законот не предвидува санкции за лицата кои користат цврсти горива за огрев, а исто така се бара и следење на квалитетот на цврстите горива.
Предлагачите на законот наведоа дека меѓу првото и второто читање дел од текстот на предлог-законот ќе биде допрецизиран, посебно во делот на одговорностите на градоначалниците.