Англискиот фудбалер Вејн Руни вчера вечер и официјално го одигра последниот меч во дресот на англиската репрезентација и со тоа стави крај на својата репрезентативна кариера.
Ова беше 120 настап во националниот тим на Англија против тимот на репрезентацијата на САД, каде неговата репрезентација победи со резултат 3-0.
Фудбалската арена „Вембли“ беше сведокот на овој голем момент, а фановите го испратија со аплаузи и стоечки овации.