„Слушнавме дека нешто одекна. Погледнавме низ прозорецот и видовме огромно парче лим пред зградата“, раскажуваат станарите.
Металната конструкција се урнала на простор пред влез во станбена зграда. За среќа, никој не е повреден.
Ветрот од покривот откорнал и неколку оџаци тешки по педесетина килограми, а еден клима уред паднал на десетина метри од зградата.
„Можевме да настрадаме, а сето тоа зошто некој лошо си ја сработил работата. Какви ли мајстори ја правеле оваа конструкција“, истакнале видно вознемирените и револтирани станари.
Инаку во невремето во Загреб, досега повредени се две лица. Синоќешните ветрови во Загреб дуваа со брзина од околу 70 километри на час.
Полицијата соопшти дека на улица „Јежевска“ од зграда паднала лимена конструкција од покрив со димензии 40×20 метри.
Силното невреме, покрај главниот град, зафати и други делови на Хрватска, па во Карловац во текот на денот силен ветер корнел дрвја, а „Истрамет“ известува дека во Истра повеќе области се преплавени по силните дождови.