Во Подгорица се одржа шеста парада на гордоста со слоганот „Не сакаме синџири“. Собирот помина без инциденти, соопшти црногорската полиција. Од собирот во главниот град на Црна Гора порачано е дека припадниците на ЛГБТ популацијата, не сакаат синџири и дека се почитува борбата за основна слобода и основни човекови права, пренесе ЦДМ.
Собирот се одржа во центарот на градот, а на него присуствуваа организаторите, претставници на цивилниот сектор, политички партии и Владата на Црна Гора.
На парадата присуствуваше и директорот на Управата на полицијата, Веселин Вељовиќ со соработниците. Поради парадата, затворен беше сообраќајот во центарот на Подгорица.