За малку избегнат инцидент на протестот пред Собрание
По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето #Бојкотирам уставни промени, и дел од присутните на протестот кои се обидуваа да се качат на бината во обид и тие да се обратат пред присутните.
Претставници и лидери на Христијанско братство и Единствена Македонија, меѓу кои Јанко Бачев, Жарко Гроздановски и Драган Угриновски како и Страшко Олумчев, претседателот на Семакедонскиот национален совет сакаа да држат говор, но редарите и дел од организаторите не им дозволија. Тие неколку пати се обидуваа да се пробијат низ толпата, но постојано беа спречувани, а за време на обраќањата на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, актерката Арна Шијак, Солза Грчева и Љупчо Палевски постојано дофрлуваа навредливи коментари и обвинувања особено на сметка на Тодор Петров како еден од главните организатори дека вечерва го поделил народот.
,,Ние бараме само една минута да ја кажеме вистината, но овие тука се предавници, и се додека има суети и предавници македонскиот народ ќе биде поделен. Можам да наредам да се качиме и да ја преземеме бината ама нема да го направиме тоа“ порачаа од Христијанското братство.
Во вербалната пресметка пред бината, фоторепортерите и снимателите беа истуркани.