Во студените денови се зголемува бројот на настинки, воспаленија и на инфекции предизвикани од бактерии и вируси, а неретко истите се проследени со зголемена телесна температура.
Тоа е една здрава и природна реакција на нашиот организам, односно нашата највисока вродена заштита од бактерии и вируси. Затоа треба да бидеме внимателни кога станува збор за намалувањето на зголемената температура.
Германско медицинско списание потсетува дека зголемената телесна температура може да се спушта кога ќе мине 38,5 степени Целзиусови.
Степенот на грозница не укажува на сериозност на ситуацијата. Самата последица на благо зголемување на температурата би било забрзување на метаболизмот, а тоа помага во борбата против воспаленијата и инфекциите.
Високата температура е состојба кога телесната температура ќе порасне над вообичаениот распон. Таа се разликува од човек до човек. На температура која е над 39 степени Целзиусови микробите не можат да се размножуваат. Способноста на организмот да развива високи температури укажува често на виталност и на силен организам.
Кај високата телесна температура метаболичните процеси се забрзуваат за 5 до 8 пати, се зголемува и производството на интерферони кои спречуваат развој на вируси, а количината на железо во плазмата се намалува и тоа е важно за спречување на растот на бактериите. Исто така се зголемува делувањето и подвижноста на белите крвни зрнца кои потоа ги уништуваат микробите.
Кога станува збор за благо зголемена температура, не поголема од 37,8 степени докторите никогаш не препорачуваат лекови за спуштање бидејќи на тој начин болеста, која е причина за температурата, може да се пролонгира.
Вирусите кои предизвикуваат настинки и останати респиратори инфекции напредуваат на нормална телесна температура, додека со предизвикувањето на благо зголемување на температурата организмот веројатно сака да го елиминира вирусот.
Високата телесна температура најчесто се симнува со лекови, а исто така помага и ставањето облоги, како и туширањето со млака вода.
Докторска помош задолжително се бара кога температурата ќе достигне до 40 степени и не се спушта без лекови ни по 3 дена, а е проследена со чувство на силна