Анѓушев и Бектеши на 15. Виенски економски форум
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествуваат на 15-от Виенски економски форум.
На форумот се најавени теми за интеграцијата во ЕУ на земјите од Западен Балкан, преку дигитализација до зголемување на регионална соработка.
Вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува на официјалниот работен појадок во организација на Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, а потоа ќе има обраќање на 15. Виенски економски форум, на панел дискусијата на која ќе се обратат премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, пак, ќе има свое обраќање на панел дискусијата со министри од владите на Романија, Словенија, Албанија и Бугарија.