При лизгање на земјиштето во Виетнам загинаа 13 луѓе, а четири во моментов се водат за исчезнати. До оваа катастрфоа во земајта дојде по тропската бура која го зафати централниот дел на Виетнам, а беше проследена со обилни врнежи од дожд.
Официјален претставник на провинцијата Кан Хоа, рече дека околу 600 војници биле ангажирани во потрагата по исчезнатите лица и евакуација на ризични области.
Според него, во вчерашното лизгање на земјиштето биле урнати неколку куќи, а земјата затрупала и неколку луѓе кои во тој момент биле во своите домови. Стотици луѓе во земјата страдаат годишно во поплави и бури.