Патничка од Тузла се породила во автобус на словенечката граница

На граничниот премин Брегана, на влезот во Словенија, во автобус кој патувал од Тузла за Хамбург, се породила една патничка.

Меѓу патниците во автобусот на компанијата од Тузла, „Транс Турист“, била жена во поодмината бременост, на која при пораѓањето и помогнале другите патници и возачите на автобусот.

Ова на Фејсбук го потврдил и директорот на туристичката агенција „Транс Турист“, Едо Хасиќ, пренесуваат портали од БиХ.

По пораѓањето, мајката и бебето со медицинско возило биле пренесени во болница.

Автобусот со останатите патници продолжил кон Хамбург.

https://www.facebook.com/edin.hasic/posts/10156180790449296

Треба да знаете
Последни објави