Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст се само дел од епитетите за „Травијата“ чија изведба ќе биде на 23 ноември во Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот.
Безвременското либрето и живописните ликови на „Травијата“ ја сместуваат меѓу најпопуларните и истовремено најинтимните оперски ремек-дела на Џузепе Верди.
Режијата е на Верена Штојбер од Германија, а од истата земја доаѓа и Софија Шнајдер, која е сценограф и костимограф на оперската претстава.
Во главните улоги настапуваат Сања Керкез од Србија, Иван Mомиров од Бугарија и Горан Начевски. Учествуваат оперски солисти, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска.