Во септември 2018 година, Основниот суд Скопје 1 – Скопје по дадени изјави за признание на вина на дел од обвинетите, донесе пресуда со која беа осудени на казна затвор и тоа: Зарубица во траење од 11 години, С.К.- девет години, И.Ш. и З.Д на седум години и А.М. за двете дела на четири години. по жалба на ОЈО, по однос на висината на изречените казни затвор, второстепениот суд за обвинетиот М.З. казната затвор ја зголеми на 13 години, за С.К. ја зголеми на 11 години, за А.М. за двете кривични дела ја зголеми на единствена казна затвор во траење од шест години, а за обвинетите И.Ш. и З.Д ги потврди претходно изречените казни.
Според обвинението, во текот на 2017 година обвинетите како меѓународна организирана криминална група во Србија и Македонија неовластено купувале, држеле, пренесувале и посредувале во продажба и купување на психотропни супстанции и прекурзори наменети за производство на психотропна супстанца-амфетамин- велат од обвинителството. Дел од набавените материјали, супстанции и прекурзори, ги сместиле во објект во село Батинци, а дел во објект во Тетово каде инсталирала мини-фабриказ а амфетамин.
Полицијата запленила 204.696 таблетки што содржат амфетамин, со вкупна нето маса од 35 килограми, 910.415 таблетки со лого „каптагон“ што содржат амфетамин, со вкупна нето маса од 155 килограми, амфeтaмин со нето маса од 52 килограми вредни над 2,5 милони евра.