Лековитите својства на мандарината

Мандарините се цитрусно овошје кое најчесто се конзумира во текот на есенските и зимските денови. Тие имаат многу лековити својства, а сега е нивната сезона.

Го намалуваат ризикот од рак

Тие имаат моќ да го намалат ризикот од рак на црниот дроб. Имено, научниците откриле дека луѓето кои имаат хроничен вирусен хепатитис можат да го намалат ризикот од развој на рак на црниот дроб ако пијат сок од свежа мандарина.

Тие се одличен извор на витамин Ц

Мандарините ни овозможуваат дури и до 80% од препорачаната дневна доза за витамин Ц. А, овој витамин е особено корисен во борбата против слободните радикали, заштита на имунолошкиот систем и заштита од многу различни болести.

Го намалуваат холестеролот

Тие содржат антиоксиданти кои се многу ефективни борци против холестеролот. Тоа го постигнуваат борејќи се против слободните радикали кои го оксидираат холестеролот, па тој лесно се насобира на артериите.

Помагаат во борбата против вишокот килограми

Тие содржат природни влаккна,а нивното редовне конзумирање ни овозможува ситост.Само 3 мандарини се добар избор за борба против вишокот килограми, кај возрасните.

Треба да знаете
Последни објави