Поранешниот премиер Никола Груевски потврди дека добил азил во Унгарија преку Фејсбук, исто како што тоа го направи кога објави дека побарал азил во Унгарија и дека е во Будимпешта.
Тој на профилот напиша подолго писмо во кое објаснува зошто избегал.
„Јас не избегав од правдата,туку користејки други меѓународно правно регулирани методи продолжувам да ја барам правдата и за мене и за сите други жртви на политичкиот прогон во Македонија“.
https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10156958775747716?__xts__%5B0%5D=68.ARATP6d55kxRakhICJOAEac11FAOKhtFZUqbOJ1KHXneOdHwAYgGHKqXryu7C2CB9vVItq1Me2SKjlFWjDhojwrLoJMw4h0ioWdzQJE3Ts9AXa9bU5sYYG-b2qO1-XuyTN_PRq2WnNSx0vSyHCBmDyv-RvNZraeJ6QQSF2Yd_MfQtkf8Muquol6eKdtXUOTVVJStUzRi8HMvy4o_tMYA0QsmeuAgg9asDCiiGm38oOhdPVIZHOsRugKFr9WfGsFBTx1xVv9M3E7ImrypfHIQjpMl8UDVwltvwZdgNpeppJDEHTWOFs68bW4iLX1bjijhKqEmcao5Sm3zJQ&__tn__=-R
„Јас јавно кажав дека сум подготвен да одам во затвор доколку Заев се одкаже од погубните политики за Македонија и малтретирањето други луѓе.
Но тој очигледно сака се. Сака и да ја реализира распродажбата на националните интереси, и да го реализира разграбувањето на државата, и да ги суди и осуди стотици мои соработници и мене да ме затвори и ликвидира“.